Бартомеу пресече, Валверде е минато во Барса

Хосеп Бартомеу веќе му соопштил на Ернесто Валверде дека ќе биде сменет од кормилото на Барселона, а тоа е најважната одлука на состанокот на раководството на шпанскиот гигант, што се уште е во тек.

„Марка“ објави дека Валверде веќе е минато, а се очекува да се именува неговиот наследник. Иако речиси сигурно беше дека Чави Ернандес, легендата на клубот, ќе биде наследникот на Валверде, но во последен миг работата пропадна, најмногу поради сè уште актуелниот тренер на катарскиот Ал Сад.

Чави сакал да пристигне како нов шеф на стручниот штаб на Барселона со почетокот на идната сезона, но Каталонците немаат време за чекање.

Прв пик во конкуренција на тројца тренери за Барса е Маурисио Покетино, а ако не успее, кандидати се и Кике Сетиен или Гарсија Пимиента, кој е тренер на вториот ешалон на клубот, односно на Барселона Б.

- Оглас -

Најнови вести