Бартомеу пушти срце и ги почасти ѕвездите на Барса со смартфони од 1.700 евра

Со триумфот од 4-1 над Алавес, Барселона 2020 година ќе ја дочека на челната позиција на табелата во Ла Лига. Каталонците годината ја завршија без пораз на домашен терен, може да се каже дека тоа е успех врз кој допрва треба да се гради и да се обрани домашната титула.

По таа победа, ѕвездите на Барса беа пријатно изненадени во соблекувалната, каде ги пречека претседателот Жозеп Бартомеу. Првиот човек на шампионот пушти срце и за Божиќ им подари на фудбалерите специјално издание на најновиот модел на смартфон од марката „Ајфон“. Станува збор за серијата „11 про макс“, а на задниот дел од смартфоните се изгравирани имињата на секој фудбалер посебно.

Едно парче од овој модел на „Ајфон“ чини околу 1.700 долари, но Бартомеу не застана тука. Подароци добија и цел стручен штаб заедно со тренерот Валверде, односно најновиот модел на „Ајпед“.

- Оглас -

Најнови вести