Ернесто Валверде е идеалниот тренер за ФК Барселона, изјави претседателот на каталонскиот клуб, Жосеп Марија Бартомеу, во едно интервју, и со тоа ги „замрзна“ шпекулациите дека во декември ќе дојде Марсело Галјардо, или дека Роналд Куман одвај чека да биде сменет Валверде, за тој да седне на клупата.
„Веруваме дека Ернесто е идеалниот тренер кој треба да раководи со овој микс од фудбалери. Низ годините тој докажа дека може да им помогне на играчи кои ветуваат. Важно е да формираме тим кој ќе ја движи Барса нанапред и после ерата на Меси. Валверде ја има таа способност”, вели Бартомеу.
Бартомеу очакува многу од Антоан Гриезман, Ансу Фати и Френки де Јонг, особено од Холанѓанецот, за кој мисли оти може да остави длбока трага во Барселона.