Ден за симпатизерите на островскиот фудбал – Нашиот англиски тикет е со коефициент 43.7

1094 Бартон – Астон вила У-21 (ЕФЛ куп, Англија, 20 часот)

Бартон има амбиции да атакува на пласман во повисок ранг и од идната сезона да игра во Чемпионшип лигата, која е втора по ранг во англискиот фудбал.

Имаат солиден тим и познато име на клупата. Ги предводи легендата на холандскиот фудбал Џими Флојд Хазелбенк, што е потврда на амбициозниот план за пробив во поквалитетен ранг на натпревари.

Младиот тим на Астон вила играше катастрофално лошо во ланското издание на ЕФЛ купот и претрпе три порази со гол-разлика од 2:14 за последно место во групата.

Сега почнаа многу подобро, со победа против Вајкомб од 3:1, и ќе се обидат да го изненадат и Бартон за да се приближат до пласман во следната рунда.

Напаѓачкото трио Арчер, Филоген-Бидејс и Чуквуемека веќе дебитираа и за првиот тим на Астон вила, а минутажа за сениорите има и дефанзивното дуо од Холандија, Богарде и Свинкелс. Младиот тим на Астон вила може да постигне гол, но нема да го победи Бартон.

Предлог тип: 1Х&ГГ (1.95)

 

1103 Порт Вејл – Рочдејл (ЕФЛ куп, Англија, 20 часот)

Двете екипи различно го почнаа новиот циклус во англискиот куп, а по поразот од Болтон, во полоша ситуација е Порт Вејл. Рочдејл го победи младиот тим на Ливерпул и од врвот го чека можеби и клучниот меч за пласман во плејофот.

Ако гостите победат, Порт Вејл ќе испадне, а секој друг исход им дава шанси и на двете екипи да продолжат понатаму.

Интересно е што во Лига 2 ситуацијата е сосема поинаква и Порт Вејл е многу подобро пласиран од ривалот и е на третото место со 18 бода, шест повеќе од Рочдејл.

Но и тоа не значи многу, бидејќи веќе играа меѓу себе сезонава и Рочдејл како гостин славеше на „Вејл парк“ пред еден месец со 3:2.

Двете екипи си имаат убава традиција на ефикасни натпревари, па ќе типуваме дека ќе има најмалку 3 гола и вечерва.

Предлог тип: 3+ (2.07)

 

1122 Болтон – Ливерпул У-21 (ЕФЛ куп, Англија, 20 часот)

Раководството на Ливерпул треба да е загрижено за иднината, барем според игрите и резултатите што ги има младиот тим. Лани експресно го завршија настапот во ЕФЛ купот со три порази и гол-разлика од 5:13, а и во овој циклус почнаа лошо, со пораз против Рочдејл од 0:4 на гостински терен.

Болтон има долгогодишно прволигашко искуство, неколку сезони беше стабилен премиерлигаш, но сега е член на Лига 1, со план идната година да игра во Чемпионшип лигата.

Домаќините имаат искусна екипа што ја предводи Елијас Качунга, играч со искуство од Премиер лигата и од Бундеслигата, па Болтон е голем фаворит.

Сепак, во ЕФЛ купот често има изненадувања, па ќе одиграме на голови, и тоа најмалку два во првото полувреме и барем четири на целиот меч.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.45)

 

1058 Довер – Алдершот (Национална лига, Англија, 20.45 часот)

Довер е постар клуб за 9 години од Алдершот, но гостите имаат поголем рејтинг во англискиот фудбал и пет сезони играа во Лига 2, што е трет по ранг систем на натпреварување во земјата.

Во 2017 и во 2018 година Алдершот играше во баражот за повисок ранг, но не успеа и остана член на Националната лига. Интересно е што неговиот денешен ривал Довер долго време го држеше рекордот за трансфер на играч во Националната лига, откако во 1993 година му плати на Фарнборо таун 50 илјади фунти за Дејв Леворти.

Но, тоа се минати времиња кога Довер имаше поголеми амбиции, а сега ситуацијата е исклучително лоша. Сезоната ја почнаа со минус од 12 бода поради финансиски проблеми, а во девет кола успеаја да стопат само три бода негатива и се на дното на табелата со минус 9 бодови и без ниту една победа.

И Алдершот игра слабо, претпоследен е со четири бода и само една победа, па сега е шанса да слави против фенерџијата и да побегне од зоната за испаѓање.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

1061 Вокинг – Даг и Ред (Национална лига, Англија, 20.45 часот)

Дагенхајм и Ред е најефикасната екипа во Националната лига по 9 кола со 24 постигнати погодоци, или 2,7 по меч, што е одличен ефект.

Примаат и доста голови, досега вкупно 13, но напаѓачкиот концепт им се исплати и се на втората позиција на табелата со 19 бода, само зад лидерот Гримзби со 20 бода.

И Вокинг игра офанзивно и со 17 гола е третата најефикасна екипа, заедно со Честерфилд и само зад водечкото дуо Гримзби и Даг и Ред.

Домаќините се само една од трите екипи од вкупно 23 во Лигата што сè уште не одиграле нерешено на досегашните 7 натпревари. Имаат два меча помалку од денешниот ривал и со победа имаат убава можност да се пробијат погоре од 11-то место на кое се моментно.

На победа ќе оди и Даг и Ред за да има шанса да биде нов лидер, а и традицијата во меѓусебните дуели на овие две екипи ветува многу голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.88)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести