Басакшехир ја коцка титулата во Турција

Басакшехир ја коцка огромната предност што ја имаше во однос на Галатасарај и Бешикташ, вечерва повторно не успеа да победи и тоа четвртипат по ред и по ремито без голови со Сиваспор има само три бода повеќе од Галата и четири од Бешикташ, но е и со меч повеќе.

Робињо и соиграчите и покрај иницијативата шпто ја имаа во текот на мечот не ја погодија мрежата на домаќините и го продолжија постот без победа што трае четири кола.

Сега со меч повеќе и на 4 кола до крајот на шампионатот Басакшехир има 63 бода и три меча за одигрување и се уште е лидер. Зад нив со меч помалку е Галатасарај со 60 бодови, а Бешикташ е последниот кандидат за титулата со 59 бода и четири меча за играње.

- Оглас -

Најнови вести