Патрик Шик постигна два гола за Рома во убедливата победа против Ентела во осминафиналето на Италијанскиот куп, а првиот беше и брз, во 19-тата секунда, и мајсторски постигнат со пета.
Чехот одлично реагираше на асистенцијата на Ундер и екпресно ѝ донесе предност на Рома, која до крајот се зголеми на позтива од 4 погодоци.
Мрежата на гостите ја затресоа и Марчано и Пасторе, а Рома лесно го мина осминафиналето и ќе игра на гости со Фиорентина за пласман во полуфиналето на Купот.
Во останатите четврт-финалиња ќе играат Јувентус и Аталанта во Торино, Лацио против Интер во Рим и Милан со Наполи во Милано.