Лече со 2:1 ја победи Виченца во меч во Серија Б во Италија. Освен трите погодоци, дуелот ќе се памети по изливот на емоции на гостинскиот фудбалер Рикардо Маџорини во финишот на мечот.
Токму Маџорини го даде голот за гостите, со кој намали на 1:2 во 88-мата минута и играта стана пожестока. Во последните моменти од мечот, Жан Мајер, фудбалерот на Лече, влезе во конфликт со Маџорини. Мајер во еден момент му ја опцу мајката на седум години постариот Маџорини, а фудбалерот на Виченца немаше сили да се расправа, само ја наведна главата и почна да плаче, а противникот го праша само едно прашање.
„Што ти е виновна мојата мајка?“, Маџорини го запраша Мајер. Фудбалерот на Лече не знаел дека мајката на Маџорини е почината, а по мечот малку фалеше да се случи поголема мешаница.
„Понекогаш на теренот кажуваме работи кои не ги мислиме. По мечот веднаш му се извинив на Рикардо и сега јавно барам прошка. Навистина ми е жал“, рече Мајер веднаш по мечот.