Новиот прволигаш Башкими се засили со уште двајца странски фудбалери. Кумановскиот клуб го потврди потпишувањето на договор со Иса Адекунле, новото засилување во нападот. Овој нигериски напаѓач доаѓа со богато европско искуство стекнато во силната словачка лига.
Адекунле се издвојува по брзината, дриблингот и инстинктот за постигнување голови, кои ќе ја зајакнат офанзивната линија на Башкими. Последниот клуб на Адекунле беше словачкиот Михаловце.
Покрај него, Башкими го доведе и Мосавер Ахади, второ засилување во тимот кое доаѓа од Авганистан и настапува на крилните позиции.