Фудбалерите на Башкими славеа со минимални 1-0 против Пелистер на последниот меч од 18-тото коло на Првата македонска фудбалска лига. За екипата од Куманово ова е прва првенствена победа по пауза од речиси четири и пол месеца откако на осми ноември славеа над Работнички со 2-1.
Единствениот гол на мечот, кој на крајот значеше и три бода за Башкими, беше дело на Сумер Хасан во 38-мата минута.
Кумановци со оваа победа се искачија на петтата позиција со 26 бода и сега имаат предност од пет пред осмиот Тиквеш, кој е во зоната за бараж.
Пелистер по 18-тото коло е во „црвената“ зона, која носи испаѓање во Втората лига со 19 бода, колку што има и Македонија ЃП, но „лавовите“ во моментов имаат подобра гол-разлика.
На врвот во водство е Вардар со 48 поени, шест повеќе од Шкендија и плус седум од Струга.

