На грузискиот тенисер Николоз Басилашвили „му се споија жичките“, и тоа откако го освои победничкиот поен за триумф над Крис Јубенкс на Челинџерот во Самтер, САД.
Басилашвили со ас ја освои меч-топката, но беше лут на себеси, па „прослави“ со кршење на рекетот. Навистина несфатлив потег на некогаш 16-тиот на АТП-листата, а во моментов е 112-ти.