11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Басино ја победи Шифрин за 11 стотинки за злато на СП во супервелеслалом, драма имаше и за бронзен медал

Италијанката Марта Басино е нова светска шампионка во супервелеслалом и во возбудлива трка во Куршевел-Мерибел стигна до подвиг со време побрзо за 11 стотинки од Микаела Шифрин.

Басино победи со време од 1:28.06, а трката беше драматична и за бронзен медал, па на крајот две скијачки добија одличја.

Австријката Корнелија Хутер и Норвежанката Кајса Викоф имаа исто време и го поделија третото место со освоени бронзени медали.

Потфрли водечката во Светскиот куп во супервелеслалом, Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која ја заврши трката на четвртото место иако беше главна фаворитка за злато.

Утре ќе се вози машката трка во супервелеслалом на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести