Баскетчиите на Србија со неверојатен пресврт ги совладаа САД и по шести пат се светски шампиони

Селекцијата на Србија ја одбрани титулата светски шампион во баскет три на три откако во финалето на СП, кое се играше во Виена, Австрија, со неверојатен пресврт го совладаа САД со 21:19.

Ова е шеста светска титула за Србија на вкупно осумте досега одржани Светски првенства. Селекцијата на Србија овојпат ја претставуваа Дејан Мајсторовиќ, Марко Бранковиќ, Михајло Васиќ и Страхиња Стојачиќ.

https://twitter.com/i/status/1665411064518033409

До победата во финалето тие дојдоа со неверојатен пресврт во финишот. САД имаше предност од 19:15 и му беше потребен само уште еден поен, но Србија направи серија од 6:0 и ја одбрани титулата.

Трагичар е поранешниот професионален кошаркар Џимер Фредет, кој двапати шутираше за победа и не погоди, а во вториот обид топката речиси „се шеташе“ на обрачот, но не влезе.

https://twitter.com/i/status/1665405799605125124

Во женска конкуренција, титулата ја освои САД, кои во финалето го победија сега веќе поранешниот светски шампион Франција со 16:12.

- Оглас -

Најнови вести