Фдбалскиот сојуз на Шпанија ги одреди судиите за финалето од кралскиот Куп кое ќе се игра во сабота. На Барселона и Реал Мадрид ќе им суди Бургос Бенгоечеа од Билбао.
Овој судијата во својата кариера трипати ја делел правдата на Ел Класико, а повеќе среќа им донел на фудбалерите од Каталонија. Барселона во 2023 година победи дома со 2-1, а истата година победи и со 3-1 во финалето на Супер купот. Единствената победа на „кралевите“ во Ел Класико кога судел Бенгоечеа е во 2017 година, кога ја победиле Барселона на гости со 1-3 во шпанскиот Супер куп.
Вкупно, Бенгоечеа на Барселона ѝ судел на 31 меч, а „каталонците“ победиле на 25 од нив, еден дуел завршил нерешено, а петпати биле поразена. На Реал Мадрид им судел на 25 натпревари, а „кралевите“ победиле на 17 од нив, а по четирипати играле нерешено и биле поразени.