23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Баскиецот кој реши да игра за Гана ги изнасмеа своите нови соиграчи со танц за паметење (Видео)

Напаѓачот Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао веднаш по првото појавување во репрезентацијата на Гана, стана омилен меѓу своите нови репрезентативни колеги.

Вилијамс е роден во Билбао, но му здодеа да чека повик од шпанските селектори, па прифати да игра за земјата на неговите родители. Дебито за Гана ќе го има утре, во пријателски меч против Бразил.

Тој се истакна кај соиграчите од националниот тим со спектакуларен танц. Погледнете како изгледаше атмосферата додека Вилијамс правеше секакви движења:

- Оглас -

Најнови вести