Баскија ќе добие дозвола да има своја репрезентација, Клементе сонува меч против Шпанија

Репрезентацијата на шпанската покраина Баскија завчера ја победи Костарика со 2-1 во пријателски меч, но најдобрите вести за Баскијците доаѓаат од Мадрид, од каде што има неофицијални најави дека шпанските власти ќе дозволат Баскија да има своја фудбалска репрезентација. Од Шпанската фудбалска федерација се против ваква идеја, тие би блокирале секаков обид на Баскија за прием во ФИФА и УЕФА, но ако Владата даде зелено светло за меѓународни мечеви, може и тоа да се случи.

Селектор на непризнаената Баскија е 70-годишниот Хавиер Клементе (ексселектор на Шпанија), кој вели дека сон му е еден ден да играат против Шпанија.

За баскискиот национален тим играат претежно фудбалери од Атлетик Билбао, но има и од Реал Сосиедад, Осасуна, Алавес, Еибар, како и интернационалците Кепа Аризабалага од Челзи, Хави Мартинес од Баерн и Фернандо Љоренте од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести