Фудбалерите на Атлетик Билбао се вторите финалисти и ќе играат против Мајорка за трофејот од шпанскиот Куп на кралот. Екипата од Баскија до пласманот во големото финале дојде на импресивен начин, откако го совлада Атлетико Мадрид и на домашен терен, овојпат со убедливи 3-0.
Патникот во финалето се насетуваше уште по првото полувреме, по кое Баскијците имаа водство од 2-0 со головите на Ињаки Вилијамс во 13-тата и Нико Вилијамс во 42-рата минута.
Во второто полувреме победата ја потврди Горка Гурузета во 61-вата минута.