Кошаркарите на Партизан забележаа значајна победа во борбата да дојдат до пласман во плејин-разигрувањето на Евролигата откако вечерва во Белград го совладаа составот на Басконија со 87-83.
Ова победа за Партизан е 14-та оваа сезона во Евролигата, што ги носи да бидат осамени на 10-тата позиција, последната која води во плејинот.
„Црно-белите“ одлично го отворија мечот и на првата мини-пауза заминаа со водство од 23-16, но во вториот период следуваше мал пад во играта, па гостите успеаја да ја намалат предноста само на два негатива на полувремето.
Во третата четвртина, слично како и во првата, комплетна доминација на Партизан, воедно ова беше период во кој се направи клучната предност пред финишот на мечот. Гостите од Баскија во последниот период со сите сили се обидуваа да се вратат резултатски, но иако се доближија, сепак не успеаја да ја загрозат победата на Партизан.
Резултати:
Анадолу Ефес – Олимпијакос 85-72
Жалгирис – Виртус Болоња 96-81
Алба Берлин – Реал Мадрид 79-86
Макаби Тел-Авив – Лион 98-90
Партизан – Басконија 87-83