Басконија го совлада Реал Мадрид со 98:96 во неверојатно возбудлив дуел од 35-тото коло на Евролигата.
По триумфот во финалето на Купот на Кралот, Басконија уште еднаш ги надигра мадриѓани, остварувајќи ја 11-та победа во Евролигата. Со ефект од 11-24, тимот е на 18-то место на табелата, додека Реал со 22-13 ја дели третата позиција со Валенсија.
Реал го имаше водството во свои раце кога Факундо Кампасо погоди тројка за предност од 95:88 на помалку од две и пол минути до крајот. Но, Тими Луваву-Кабаро и Коби Симонс направија неверојатен пресврт за победа на Басконија. Одлучувачки беа слободните фрлања на Симонс и промашената тројка на Љуљ во последниот напад.
Тими Луваву-Кабаро блескаше со 26 поени, а по 21 поен постигнаа Коби Симонс и Мамади Дијаките. Кај Реал, Кампацо беше најпрецизен со 26 поени.
Валенсија го победи тимот на Виртус во Болоња со 81:94. Фантастичен беше Нејтан Риверс со 33 поени, 10 скока и неверојатен индекс на корисност од 44, што го прави најкорисен играч во ова коло.
Карсен Едвардс се истакна кај гостите со 26 поени. Виртус останува на 17-то место со 13 победи во досегашниот тек на Евролигата.

