Познатиот „Корнел Ел Прат“, или како што сега се нарекува „РЦДЕ“ стадионот на Еспањол стана многу незгодно место за гостување во Ла Лига, а по лидерот Реал Мадрид, денеска таму падна и второпласираната екипа во шпанското првенство, Реал Сосиедад.
Со голот на се уште активниот играч на Манчестер сити, Јанхел Ерера, кој ја одработува четвртата позајмица во Еспањол, клубот од Барселона победи со 1:0.
Претходно на „РЦДЕ“ стадионот загуби и Реал Мадрид со 2:1, а денеска и Кралевите се радуваа на победата на Еспањол и ако вечерва на свој терен не загубат од Севилја ќе останат на првото место на табелата во Ла Лига и по 15 коло и тоа со еден меч помалки.
Реал е прв со 30 бода од 13 меча, втор остана Реал Сосиедад со 29 бода на 15 натпревари, а трета е Севилја со 28 бода, исто како и Реал од 13 натпревари.
Еспањол се проби на деветтото место со 20 бодови.