Бастони: Јамал е најдобриот крилен играч во светот на само 17 години

Алесандро Бастони искрено го пофали Ламин Јамал по ремито 3-3 меѓу Интер и Барселона во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Суперталентираниот 17-годишник од Ла Масиjа постигна еден од головите за Барса и повторно докажа зошто се смета за еден од најголемите млади таленти во светот.

„Тој е неверојатен играч, тоа мора да се признае. Јамал можеби е најдоброто крило во светот во моментов. На само 17 години, заслужува пофалби за тоа што го прави, но и за тоа како беше изграден како играч во Ла Масиjа“, изјави стоперот на Интер.

Италијанскиот репрезентативец истакна и дека Барселона има исклучително силен тим, и дека вакви натпревари се одлична шанса за Интер да се мери со најдобрите. Тој верува дека двата тима имаат подеднакви шанси за пласман во финалето на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести