Џими Батлер, бекот на Мајами хит, беше незапирлив во првото полувреме на дуелот од НБА-лигата со Феникс санс, даде дури 30 поени, само со една утка во шутевите од поле.
При крајот на првото полувреме, Батлер во една акција остана без едната патика, но и тоа не му пречеше, па и кога остана со една патика и само со чорап на другата нога, успеа да даде кош и да изнуди дополнително слободно фрлање. Погледнете како изгледаше таа интересна ситуација:
https://twitter.com/i/status/1192640654016307200