Баварската машина „меле“ сѐ пред себе

Баерн Минхен со убедливи 4-1 триумфираше над Штутгарт во мечот од 19-тото коло во Бундеслигата. Фудбалерите на Нико Ковач ја продолжија победничката серија на седум меча во германскиот шампионат, па со вкупно 13-тата победа одново се вратија на -6 во однос на лидерот Борусија Дортмунд.

Домаќините рано ја започнаа голеадата на „Алијанц“ арена, во петтата минута гол реализираше Тијаго Алкантара, но само дваесетина минути подоцна следуваше шок за Баерн. Голгетерот на Штутгарт, Анастатиос Донис постигна прекрасен погодок од далечина, Нојер беше немоќен.

Сепак, гостите не издржаа, во 56-тата минута Гентнер си даде авто-гол, а потоа Горецка и Левандовски до 84-тата минута беа прецизни за конечни 4-1.

Баерн со овој триумф сега има 42 бода, шест помалку од Борусија Дортмунд, додека Штутгарт го претрпе вкупно 12-от пораз сезонава, па со 14 бода се наоѓа на 16-тото место во црвената зона.

- Оглас -

Најнови вести