Баварците го покорија Штутгарт (Видео)

Баерн Минхен ја оствари 19-та победа во Бундеслигата оваа сезона откако го совлада Штутгарт на гости со 1-3. Сега баварскиот тим има 11 бода предност на врвот на табелата пред Баер Леверкузен, но и еден одигран натпревар повеќе.

Штутгарт дојде во водство на овој дуел со голот на Анџело Стилер во 34-та минута, но израмни Мајкл Олисе пред крајот на полувремето.

Во вториот дел Баерн дојде до победата. Леон Горецка се погрижи за пресврт во 64-та минута, а Кингсли Коман го потврди триумфот во судиското продолжение од мечот.

- Оглас -

Најнови вести