Им донесе титула во ЛШ и побара неморална плата, ама доби одговор дека никој не е поголем од клубот

Баерн Минхен важи за еден од најригоризните клубови од Топ 5 лигите кога станува збор за преговарање за нови договори. Нивниот слоган дека никој не е поголем од клубот останува, а последна „жртва“ на тоа е Кингсли Коман.

Французинот со погодокот во минатогодишното финале од Лигата на шампионите практично им ја донесе шестата титула во најелитното натпреварување, а сега барајќи неморално висока плата, му е покажана излезната врата.

Случај ист како со Давид Алаба, кој летово без пари го напушти клубот и замина во Реал Мадрид.

Од Баерн Минхен се изморија од преговарање и од усогласување со условите на Французинот, па тој ќе биде продаден во еден од двата наредни преодни рока.

Коман дојде во Баерн од Јувентус, најпрвин на двегодишна позајмица во 2015, а потоа беше откупен и оттогаш за овој тим има 18 погодоци на 98 одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести