Баварците попуштија, одредена цената за Левандовски

Баерн Минхен конечно попушти во случајот со Роберт Левандовски и ја одреди цената за која Полјакот може да си замине.

Германскиот првак ќе се задоволи со 60 милиони евра за 33-годишниот голгетер, па сега на потег е Барселона. Наводно Каталонците во најскоро време ќе ја подобра понудата и веројатно ќе ги исполнат условите за да го доведат големото засилување на „Камп ноу“.

Како што е познато, Левандовски од претходно ги договори условите со Барселона, но Баварците правеа проблеми во обидот да го задржат. Левандовски беше трпелив и дочека шанса да си ја исполни желбата, претходно одбивајќи понуди од неколку европски гиганти.

- Оглас -

Најнови вести