Баварците расположени, Кејн е многу блиску до својот прв трофеј

Баерн Минхен со убедливата победа на гости кај Хајденхајм од 4-0, повторно побегна на девет бода во однос на Баер Леверкузен кој има и меч помалку, но на четири кола до крајот се чини дека тоа е предност која Баварците тешко дека ќе ја испуштат и речиси сигурно е дека ќе се вратат на германскиот трон.

Ако Баерн стане првак, тоа ќе биде прв трофеј во кариерата на еден од најдобрите светски напаѓачи Хари Кејн, кој иако има дадено многу голови, цел живот чека било каков пехар.

Баварците го преболеа испаѓањето од Лигата на шампионите, а Кејн и денеска се запиша во листата на стрелци, погоди за 1-0, негов 24-ти гол во Бундеслигата сезонава, има и осум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести