Баварците вечно ќе го паметат Кутињо по партијата од соништата (видео)

Филипе Кутињо имаше партија од сонишатата во денешната победа на Баерн Минхен од 6-1 против Вердер Бремен. Бразилскиот плејмејкер практично сам го донесе убедливиот триумф за Баварците, бидејќи учествуваше во пет од вкупно шест гола.

Кутињо реализираше хет-трик, прв во дресот на Баерн, а воедно им асистираше на Левандовски и Милер во голеадата. Тој е првиот Бразилец по Џовани Елбер кој успева да постигна три гола на еден меч, а легендата на Баерн кој во кариерата одигра повеќе од 260 меча (140 погодоци) во црвениот дрес, го стори тоа во 2003 година.

По ова шоу Кутињо брои вкупно седум гола и исто толку асистенции во вкупно 20 натпревари за Баерн сезонава. Со секој нареден меч ги оправдува издвоените средства и прераснува во клучен играч за германскиот првак.

https://www.youtube.com/watch?v=_XKn1-1mzFo

- Оглас -

Најнови вести