Баварците знаат од каде доаѓа опасноста, на две гостувања на „Алијанц“ им даде три гола

Со нетрпение се чека почетокот на реванш дуелот Баерн – ПСЖ од осминафиналето во Лигата на шампионите, двата тима веруваат во пласман во следната фаза, а има и зошто.

Баварците славеа во Париз со 1-0 и дома треба да победат или да ремизираат за да одат во четвртфиналето. Од друга страна, главните адути на Светците, Лионел Меси и Килијан Мбапе се во форма, а има и еден друг податок кој најавува дека Баерн треба да се плаши од Французинот.

Мбапе како играч на ПСЖ, двапати има гостувано на „Алијанц арена“ во Минхен, и дал вкупно три гола, два на едниот и еден на другиот меч.

- Оглас -

Најнови вести