Бавно им ја додавал топката, па го воспитувале со ќотек – 13-годишно момче не памети што му се случило

Неколку фудбалери на Фреамунде на возраст до 14 години му удриле ќотек на соиграч, кој имал 13 години, а причината е банална.

Момчето што добило воспитни шамари по главата не успевало навреме да ја додава топката до соиграчите, а овие го казниле со ќотек.

Инцидентот за кој сега има истрага се случил на тренинг на генерацијата фудбалери на Фреамунде на возраст до 14 години. На момчето му се слошило и веднаш било пренесено во болница.

За среќа, нема потешки последици, иако за кус период 13-годишникот ја загубил меморијата, а имал и видливи повреди на главата и на вратот од воспитните мерки на соиграчите.

„Фреамунде како клуб има долга традиција, без ниту една црна дамка. Секогаш како клуб сме се бореле за вредности какви што се ферплејот, чесниот однос, пријателството, толеранцијата и взаемната соработка и во клубот и надвор од него. Нема да дозволиме ваков однос да го извалка нашето име“, соопштија од клубот.

Во тек е истрага, а од редовите на второлигашот најавија дека ќе има и казни за сторителите на инцидентот.

- Оглас -

Најнови вести