6701 – Базел – Фиорентина (21:00)
Екипите на Базел и Фиорентина вечерва ќе го одиграат реванш-полуфиналето од Конференциската лига. Швајцарците имаат предност од 2-1 откако победија на првиот меч во Фиренца. Овие две екипи имаат одиграно вкупно три меѓусебни натпревари и тие секогаш завршувале ГГ3+. Двапати победил Базел со по 2-1, додека еден натпревар завршил нерешено, 2-2.
Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (2.07)
1957 – Фенербахче – Трабзонспор (19:00)
Екипата на Фенербахче е во серија од осум натпревари без пораз, но и покрај тоа има заостанување во борбата за титулата. Доколку сака и понатаму да се надева дека ќе може да се вмеша во борбата за трофејот, тогаш ќе мора да победи денес. На последните 15 натпревари, дури 12-пати овие две екипи одиграле ГГ, односно двете мрежи се треселе.
Предлог тип: 1 & ГГ (2.80)
2821 – Копенхаген – Алборг (17:00)
Екипата на Копенхаген како фаворит влегува во финалето од Купот на Данска против Алборг. Копенхаген на последните седум меѓусебни натпревари има шест победи и само една нерешена против денешниот противник. Последната победа на Алборг е од пред три години. Двете екипи важат за ефикасни, а така се очекува да биде и вечерва.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.10)
1001 – Њукасл – Брајтон (20:30)
Њукасл и Брајтон вечерва ќе го одиграат заостанатиот натпревар од англиската Премиер лига. Домашните ќе мора да бркаат поволен резултат за да ја задржат позицијата која води во Лигата на шампионите за следната сезона. Њукасл на последните 10 натпревари, дури осумпати одиграл најмалку со три погодоци на мечот, а ист е случајот и кај екипата на Брајтон.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.30)
6021 – Баер Леверкузен – Рома (21:00)
Мурињо е „доктор“ за вакви натпревари и знае одлично да постави одбрана кога тоа е потребно. Рома има предност од 1-0 од првиот натпревар и се очекува и втора година по ред да игра во финалето на еден од европските купови. Последните пет натпревари на екипата на Рома завршиле најмногу со два погодока.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.19)