Базел и Краснодар од 18.55 часот ќе играат премиерен меч од фазата по групи во Лигата на Европа во новата евросезона, а на „Сент Јакоб“ ќе гледаме дуел на ривали со слична судбина во овој циклус.
И двете екипи елиминираа поранешни европски прваци во квалификациите за настап во Лигата на шампионите, но потоа се лизнаа на претпоследниот, односно на последниот пред пласман во фазата по групи во луксузното натпреварување.
Базел во четврт-финалето во квалификациите за ЛШ го надигра и исфрли од игра ПСВ Ајндховен, клуб што има титула европски шампион од 1988 година, кога во финалето на КЕШ ја победи Бенфика со 6:5 на пенали.
Потоа швајцарскиот тим налета на австрискиот ЛАСК и беше елиминиран, па ќе игра во Лигата на Европа. И денеска на гости му доаѓа рускиот Краснодар, клуб што го елиминираше двократниот шампион на Европа, Порто, но потоа во финалето за место во Лигата на шампионите го загуби двомечот со Олимпијакос, па сега е заедно со Базел во иста група во Лигата на Европа.
Ова е прв меѓусебен дуел меѓу двете екипи од групата Ц во Лигата на Европа, а за двете места што водат понатаму ќе им конкурираат и Хетафе и Трабзонспор, кои денеска ќе играат во исто време на „Алфонсо Перес“ во Шпанија.