Базел пукна петарда, Арсенал убедлив во Франкфурт, мајсторија на Чичарито (Видео)

Победата на Базел од 5-0 над рускиот Краснодар е најубедливиот триумф кој го извојува еден тим на првите мечеви од Лигата на Европа. Швајцарците неочекувано убедливо го прегазија гостинот и поведоа во групата во која се Хетафе и Трабзонспор.

Дербито се играше во Франкфурт, каде што Арсенал во финишот даде два гола, па на крај забележа и убедлив триумф над ланскиот полуфиналист Ајнтрахт. Дуделанж, кој до групната фаза во ЛЕ дојде и преку Шкендија, губеше 2-3, а победи со 4-3 на гостувањето на Кипар кај АПОЕЛ.

Севилја во второто полувреме го разби бункерот на Карабах, а водечкиот гол беше дело на Хавиер Чичарито Ернандес, кој е веројатно најатрактивниот гол кој падна на мечевите од 19 часот. Тимот на Стефан Ристовски, Спортинг од Лисабон загуби од ПСВ Ајндховен, а нашиот десен бек не беше во составот.

РЕЗУЛТАТИ: АПОЕЛ – Дуделанж 3-4, Базел – Краснодар 5-0, Клуж – Лацио 2-1, Динамо Киев – Малме 1-0, Ајнтрахт – Арсенал 0-3, Копенхаген – Лугано 1-0, Хетафе – Трабзонспор 1-0, ЛАСК Линц – Розенборг 1-0, ПСВ – Спортинг Лисабон 3-2, Карабах – Севилја 0-3, Рен – Селтик 1-1, Стандард Лиеж – Гимараиш 2-0.

Ова е голот на Мексиканецот Чичарито со кој на Севилја ѝ донесе водство кај Карабах:

https://www.youtube.com/watch?v=JUG4zWIlX48

- Оглас -

Најнови вести