Базен наместо терен, па затоа мечот Лече – Калјари вечерва не се игра (Видео)

Дуелот меѓу Лече и Калјари кој требаше да се игра вечерва и да се комплетира 13-тото коло во Серија А е одложен. По консултација на судијата со играчите на двата тима, мечот не ни започна поради временски непогоди.

https://twitter.com/i/status/1198695891936432131

Теренот на стадионот беше потопен со вода, топката воопшто не можеше правилно да се движи, ниту да отскокне. Во една таква ситуација, судијата го одложи дуелот, кој најверојатно ќе се игра утревечер.

- Оглас -

Најнови вести