20.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Беа декласирани во Лигата на шампионите, но ја „светнаа“ соблекувалната (Фото)

Фудбалерите на Линколн ред импс од Гибралтар загубија со 5-1 на гостувањето кај Црвена ѕвезда во квалификациите за Лигата на шампионите и така својот европски настап ќе го продолжат во Лигата на Европа.

Сепак, тоа не беше пречка за шампионот на Гибралтар да ја „светне“ соблекувалната по мечот на „Рајко Митиќ“. Од Линколн објавија фотографија од исчистената соблекувална и ѝ се заблагодарија на Црвена ѕвезда за одличниот прием. Сепак, да се игра со поранешен европски и светски шампион не е мала работа, а од Линколн тоа знаеја да го испочитуваат.

- Оглас -

Најнови вести