Ајнтрахт Франкфурт во двата меча со Челзи одигра 1-1, па мораше на пенали да се одлучи патникот во финалето на Лигата на Европа. Германскиот тим загуби на пенали, но од „Стемфорд бриџ“ беше испратен како шампион. Тоа е благодарение на неколкуте илјади фанови кои беа на трибините и ги бодреа гостите.
По завршување на средбата, играчите на Ајнтрахт застанаа пред своите фанови и добија огромен аплауз.
Heroes✅#SGEuropa pic.twitter.com/8gw80DrMBw
— Eintracht Frankfurt (@eintracht_eng) May 9, 2019
Гостинските симпатизери уште на повеќе од еден час пред мечот беа на своите места на трибините и уште пред да почне натпреварот, правеа одлична атмосфера. Дефинитивно, секој би посакал да има вакви симпатизери.