Фудбалерите на Лас Палмас го совладаа Рајо Ваљекано како гости со 2:0 во мечот од 21-то коло од Ла Лига.
Пред почетокот на сезонава, навивачите во Ла Лига го означија Лас Палмас како главен фаворит за испаѓање, но на теренот, со прикажаната игра и резултати, екипата заедно со Жирона се најпријатно изненадување во Ла Лига.
Лас Палмас моментно се наоѓа на седмото место со 31 освоен бод, додека Рајо Ваљекано остана на 23 бода и е 12-ти на табелата.
Победата над Рајо Ваљекано ја најави Алберто Морено во 35-та минута, а конечниот резултат го постави Хавиер Муњоз во 83-та минута.