Беа во опасност да испаднат, па наредија 10 победи по ред и сега се кандидати да одат во ранг погоре

Екипата на Донкастер роверс е дел од четвртото по ранг натпреварување во Англија, популарната Лига два, а токму овој клуб е творец на една интересна приказна. Само пред два месеца Донкастер играше слабо и се наоѓаше на 22-рото место на минус 20 гол-разлика и само со 29 бода беше во опасност дека може да испадне.

Сепак, од тој момент следува неверојатно „будење“ на Донкастер. Во последните 16 кола наредија 13 победи, двапати ремизираа и само еднаш загубија, фантастично е тоа што во последните 10 средби имаат 10 победи и освоија максимални 30 бода.

По една ваква низа, Донкастер од опасност дека може да испадне, сега е во комбинација да се бори за влез во ранг погоре. Тимот има 70 бода и е на петтото место на табелата. Во Лига два најдобрите три екипи одат директно во Лига еден, а од четвртото до седмото место играат плејоф за влез во подобар ранг.

Утре се игра 46-тото коло во Лига два, а Донкастер гостува кај Гилингам, кој е на 11-тото место на табелата и нема поголем мотив за игра.

- Оглас -

Најнови вести