Бебе жирафа во зоолошката во Мемфис крстено по дебитантот на годината во НБА

Зоолошката градина во Мемфис пред десет дена доби нов жител, се роди жирафа и животното беше крстено Жа Рафа, по кошаркарот на Мемфис гризлис Жа Морант, а има и сличност со англискиот збор за жирафа.

Морант, кој има 21 година, беше прогласен за дебитант на сезоната во НБА, за Мемфис имаше просек од 18 поени и 7 асистенции по меч. Затоа во Зоолошката во градот на Елвис Присли решија да му оддадат чест со тоа што малата жирафа ќе ја крстат по него.

И кошаркарот прифатил животното со долг врат да се вика Жа. Жирафата иако уште е бебе, веќе е високо 190,5 сантиметри и ја има истата висина со Жа Морант.

- Оглас -

Најнови вести