Бејл брка „кралски“ јубилеј против Жирона

Реал Мадрид вечерва (21:30 часот) гостува кај Жирона во пресрет на реваншот од четврт-финалето во Купот на Кралот, каде што ќе треба да го потврдат своето учество во следната фаза. „Кралевите“ од првиот дуел имаат предност од 4-2, меѓутоа нема простор за олабавување.

Сите погледи на овој меч ќе бидат насочени кон Герет Бејл. Велшанецот брка јубилеј во дресот на Реал Мадрид, па доколку вечерва се запише во листата на стрелци, тоа ќе биде негов стоти погодок за актуелниот европски првак. Бејл се врати во составот изминатиов викенд, четвртиот гол во победата од 4-2 против Еспањол беше негов 99-ти за Реал, па од него се очекува во иста форма да продолжи и против екипата од Каталонија.

По неговото доаѓање од Тотенхем во 2013 година, Бејл постигна 99 гола на 213 настапи во сите натпреварувања за Реал, што значи дека ја тресе мрежата на секои 160 минути. Бејл воедно ќе стане 15-тиот играч на Реал Мадрид кој стигнал до овој јубилеј, додека нивен најдобар голгетер во историјата е Кристијано Роналдо со 450 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести