Бејл конечно си оди од Реал, Лондон ќе биде неговата старо-нова дестинација

Герет Бејл речиси сигурно ќе се врати во тимот од Тотенхем. Ова го потврдува и неговиот менаџер Џонатан Барнет, кој призна дека е во постојан контакт со челниците на англискиот клуб за трансфер на Бејл. Англиските медиуми пишуваат дека е договорено велшкиот репрезентативец сезонава да замине како позајмен играч во Тотенхем.

„Бејл уште го сака Тотенхем. Преговорите се во тек и сè оди во добар ред“, рече менаџерот Барнет.

Најголем проблем околу позајмицата е платата на Бејл. Велшанецот заработува 550.000 евра неделно.

Освен Бејл, се преговара и за трансфер на Серхио Регилон од Реал во Тотенхем, но, за разлика од Бејл, Регилон ќе биде продаден, а не позајмен. „Зелено светло“ за доведување на двајцата играчи на Реал Мадрид има и од менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести