Бејл открива коj збор е најважен во соблекувалната на Реал Мадрид

Герет Бејл во јаннуари оваа година замина во фудбалска пензија, па сега е активен на фудбалските поткасти и емисии. Во едно од последните гостувања, Бејл во разговор со Џермејн Џенас и Питер Крауч зборуваше за периодот што го помина во Реал Мадрид.

Велшанецот цели девет години беше дел од Реал Мадрид, период во кој освои пет титули во Лигата на шампионите, а може да се пофали и со трофеи во сите останати важни натпреварувања. Бејл открива дека притисокот во соблекувалната на Реал Мадрид е убедливо најголем затоа што таму сите очекуваат победа на секој меч и вели дека еден збор доминира во соблекувалната, а тоа е зборот „Победа“.

„Едноставно, тоа е така. Кога ќе влезете во соблекувалната, се чувствувате како победник. Секако, таму имаше голем број квалитетни фудбалери. Победата е во менталитетот на клубот. Ужасно беше кога ќе загубевме. Како да е крај на светот. Си одите депресивни дома“, открива Бејл.

Во 2018 година, Реал Мадрид во финалето на ЛШ играше против Ливерпул и открива што се случувало пред мечот.

„Се сеќавам дека зборував со играчите на Ливерпул пред финалето. Имаа проблем со спиењето, беа многу нервозни. Ние имавме друг менталитет. Нас нѐ интересираше само победата иако тие беа во улога на фаворити“, вели Бејл, кој во тоа финале постигна два гола, а Реал Мадрид на крајот славеше со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести