Герет Бејл помина осум години во Реал Мадрид, период во кој освои пет титули во Лигата на шампионите и вкупно 15 трофеи во сите најважни натпреварувања во коишто играше. Велшанецот си замина од „Сантијаго Бернабеу“ во 2022 година, а по една сезона помината во Лос Анџелес, реши да стави крај на кариерата.
Бејл одигра вкупно 258 меча за Реал, во кои постигна 106 голоа, а имаше и 67 асистенции. Иако долго време беше еден од клучните играчи на тимот, во последната сезона што ја играше, Бејл „дремеше“ на клупата за резерви или на трибините.
Многумина му замеруваа и за тоа дека Бејл иако беше во Мадрид во периодот од 2013 до 2022 година, не успеа да научи шпански јазик и да комуницира со останатите. Бејл открива нешто што никој очигледно не го знаел.
„Сакав да играм за Реал Мадрид. Таму доживеав некои неверојатни моменти. Сепак, имаше и тешки моменти, кога се чувствувате осамено затоа што сите ве напаѓаат и ви свират. Кога ќе потпишете за Реал, сите очекуваат да бидете секаде и да работите сѐ. Јас не сум таков. Јас само сакав да играм фудбал и потоа да да си бидам сам. Можев да зборувам шпански, но не сакав. Сакав своите работи да ги зачувам за себе и да не се карам со никого. Можеби и затоа ме напаѓаа, не сакав да откривам многу работи“, вели Бејл.