Герет Бејл веќе долг период е еден од најголемите проблеми за Реал Мадрид. Велшанецот е најскапоплатениот фудбалер, но речиси и да нема заиграно во последните година дена.
Иако беше даден и на позајмица во Тотенхем, Бејл брзо се врати во Мадрид, каде што воопшто не го интересира дали ќе игра или не, а најбитно му е да ги добие сите милиони од договорот, според кој годишно заработува 18 милиони евра.
Во една таква ситуација, Бејл само седи на клупата за резерви, а не ретко е и на трибините. Додека „дреме“ за време на мечевите на Реал, Бејл знае да направи и потег кој е иритирачки за мадриѓаните.
Синоќа на дуелот против Атлетик Билбао, Бејл покажа дека воопшто не му е гајле ниту за соиграчите. Еден Азар се загреваше со надеж дека ќе добие шанса да влезе во игра, кога тренерот Карло Анчелоти му покажа дека нема да игра и Белгиецот треба да се врати на клупата за резерви.
Кога Бејл виде дека Азар нема да игра, Велшанецот во лице му се смееше на соиграчот кој се врати на клупата за резерви.
— Hazard Xtra. (@HazardXtra) February 4, 2022