Герет Бејл кој закрепнува од повреда на коленото, за околу еден месец треба да се врати на фудбалскиот терен, присуствуваше на отвореното првенство на Шпанија во голф, и на шега се пофали дека е подобриот голфер меѓу двајцата членови на Реал Мадрид кои го играат овој спорт. Своевремено, Бејл позираше со знаме на кое пишуваше дека голфот му е поважен од Реал, со што ги налути фановите на Кралскиот клуб.
„Во Реал Мадрид, од цела екипа, само јас и Куртоа играме голф. Може да кажам дека јас сум најдобриот голфер во Реал. Куртоа не е подобар од мене“ – рече Бејл за кого голфот е потежок од фудбалот.
„Голфот е многу интелигентен спорт, во кој чувствувате неверојатен притисок на терен. Тука сте сами, немате соиграчи да ви помогнат. Иако на стадион играм и пред 80.000 навивачи, имам поголем притисок кога играм голф“ – објаснува Бејл.