Тотенхем одигра само 3:3 на гостувањето во Австрија против ЛАСК Линц, но и тој еден бод беше доволен за англискиот тим сигурно да ја помине групната фаза од Лигата на Европа. Првиот погодок за лондонскиот тим го даде Герет Бејл од пенал, кога израмни на 1:1. Англискиот тим потоа двапати водеше, но на крајот мораше да се задоволи со еден освоен бод.
Погодокот што го даде Бејл беше 200-ти во неговата кариера, вклучувајќи ги мечевите на клупско и репрезентативно ниво.
„Не знаев дека тоа е мојот 200-ти гол, но тоа е само еден јубилеј на кој ќе можам да се гордеам во иднина. Моментно среќен сум што постигнав погодок, иако посреќен ќе бев доколку победевме. Се надевам дека на следниот меч ќе стигнеме до триумф“, рече Бејл.
За Велшанецот ова беше прв погодок во натпреварувањата на УЕФА по пауза од две години. Последен пат погоди за Реал против Рома во ноември 2018 година. Тоа што е неверојатно е дека за Бејл ова е прв погодок на гостински терен во натпреварувањата на УЕФА, по пауза од повеќе од 10 години.
Цели 10 години и 44 дена Бејл немаше погодено во УЕФА натпреварување на гостински терен. Тоа последен пат го имаше направено во дресот на Тотенхем, кога во октомври 2010 година постигна хет-трик на гостувањето кај Интер во Милано.
10y 44d – Excluding qualifiers, Gareth Bale’s penalty for Spurs was his first away goal in UEFA European competition for the club since scoring a hat-trick at the San Siro against Inter Milan in the Champions League in October 2010, 10 years & 44 days ago. Equaliser. pic.twitter.com/drmtwyHzmL
— OptaJoe (@OptaJoe) December 3, 2020