Бејл: Повозбуден сум кога играм за Велс

Во пресрет на клучниот натпревар на Велс против Азербејџан, најпознатиот фудбалер во нивната репрезентација и ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл, откри дека се чувствува повозбуден кога го носи репрезентативниот дрес отколку кога настапува за Кралевите.

Во меѓувреме шпанските медиуми го критикуваа Бејл затоа што одговорил на обврските кон репрезентацијата, додека не бил на располагање кај Зинедин Зидан уште од октомврискиот репрезентативец циклус поради повреда на листот.

„Дефинитивно сум повозбуден кога играм за Велс. Дома сум, покрај познати луѓе со кои можам да комуницирам на мајчин јазик. Долго време сум во репрезентацијата, и кога играм покрај колегите се чувстувам како дете, кое си игра со другарите партија фудбал. Но, тоа не значи дека не го давам мојот максимум без разлика за кого играм. Давам 100% каде и да сум, за било кој тим“, истакна Бејл.

- Оглас -

Најнови вести