Бејл повторно го возвраќа ударот на Реал

Герет Бејл останува во Реал Мадрид, но очигледно е дека ќе биде без многу корист. Велшанецот требаше да направи трансфер во Кина, но откако речиси сите работи беа договорени, преселбата ја стопираа челниците на Реал Мадрид. Бејл остана на „Сантијаго Бернабеу“, иако само неколку дена претходно тренерот Зинедин Зидан јасно и гласно кажа дека нема да смета на услугите на овој играч и дека е најдобро тој да си замине од клубот.

На тој начин Бејл беше деградиран од Реал, но потоа играчот најде начин како да му се одмазди на Зидан за таа изјава. За време на контролниот меч меѓу Реал и Атлетико Мадрид, кога Кралскиот клуб во еден момент губеше со 7:1, Бејл насмеан го гледаше тренерот кој не можеше да верува дека неговиот тим има толкава негатива.

По сите тие сапуници, Реал го договори трансферот на Бејл во Кина, а играчот беше подготвен да си замине. И кога требаше да се случи трансферот, во последен момент тој беше стопиран од страна на Реал.

Кралевите денеска играат на Ауди купот во Минхен против Тотенхем, а Бејл одби да патува со екипата. Како причина за изостанувањето играчот навел дека е „вознемирен“ од сите случувања, па затоа и не е дел од составот за овој Куп пред почетокот на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести