Герет Бејл веќе неколку месеци е во центарот на вниманието, но не поради игрите, туку поради неговите потези и гримаси што ги прави додека е на клупата за резерви, а неговите соиграчи играат на теренот. Велшанецот вели дека негова желба е да игра, а не да седи како резерва, но одуката за тоа не зависи од него.
„Сакам да играм, а имам договор со Реал Мадрид. Клубот треба да донесе одлука и се надевам дека тоа ќе биде во скоро време. Сакам да бидам на теренот, но од клубот не ми даваат. Дали ќе си заминам од Реал? Тоа треба да ги прашате челните луѓе во клубот. Јас уште минатата сезона сакав да си заминам, имав и одличен конкретен предлог, но во последен момент Реал ја блокираше целата работа. Затоа, сè е во рацете на шефоците во клубот“, вели Бејл.
Еден од најплатените фудбалери во светот сега е на репрезентативен собир со Велс и вели дека разликата во атмосферата од таа кога е во Реал е неверојатно голема.
„Кога дојдов тука, се чувствувам спокоен, среќен и се чувствува дека ме сакаат тука. Тоа што се случува во Мадрид, не ми влијае, затоа што веќе се навикнав да се справам со таквите работи. Имам 31 година, се чувствувам добро и сакам да играм фудбал. Мотивиран сум, но контролата ја имаат луѓето во клубот. Имам договор со Реал и треба да почекаме за да видиме што ќе се случи“, додаде Бејл.