Бејл се враќа во фудбалот? Еве што вели неговиот агент

Еден од најдобрите велшки фудбалери на сите времиња, Герет Бејл, неодамна доби отворена покана од сопствениците на Рексам да се врати од пензија и да игра за велшкиот клуб, кој се натпреварува во лигата-системот на Англија.

Одговор на ова даде некогвиот агент Џонатан Барнет.

„Мислам дека тоа нема да се случи. Ни се допаѓаат ваквите понуди, но во моментов Бејл заслужено има одличен живот бидејќи беше најдобриот британски фудбалер на сите времиња“, вели Барнет.

Приказните дека Бејл ќе се врати од пензија и ќе заигра за Рексам се појавија кога холивудските ѕвезди и сопственици на клубот од Велс, Рејнолдс и Мекелхени, преку социјалните мрежи го повикаа Бејл да заигра за нивната екипа.

„Сопствениците на Рексам немаат разговарано со мене. Можеби разговарале со Герет, но тој не сака да игра фудбал. Имаше одлична кариера во која уживаше, но сега живее одличен живот. Најважно е што е со своето семејство. Поминува многу време со своите деца“, изјави Барнет за медиумите од Британија.

 

- Оглас -

Најнови вести