Бејл си тера шеги со голфот, навивачите на Реал Мадрид збеснаа (Видео)

Герет Бејл си игра со оган и со трпението на навивачите на Реал Мадрид, откако на тренингот на кралскиот клуб имитираше со движењата како игра голф.

Поголемиот дел од навивачите на кралскиот клуб ова го прифатија како нова провокација од Бејл. Проблемите и недоразбирањата на двете страни настанаа по пласманот на Велс на Европското првенство што ќе се игра следната година.

При славјето на успехот Бејл имаше знаме в рака на кое пишуваше „Велс, па голф, па Мадрид“, рангирајќи ги веријатно по важност спортските приоритети во кариерата.

Утре од 13 часот Реал Мадрид ќе игра против Еспањол во меч од 16. коло во Ла Лига, па ќе биде инетерсно да се види реакцијата на навивачите на најтрофејниот европски клуб.

https://twitter.com/FutbolBible/status/1202925809993965568?s=20

- Оглас -

Најнови вести